Ана Столеска новиот директор на О.У.„Јосип Броз Тито“
Од трите кандидатки, најсоодветна за оваа функција. Од локалната самоуправа велат, бираме по професионалност, а не политичка определеност.
Трите кандидатки ги исполнувале условите за директорското место, но предност имала Столеска, бидејќи покрај положениот директорски испит, имала искуство и како тренинг менаџер, за обука на директори.
Инаку актуелната директорка на „Јосип Броз Тито“, Ана Столеска има претходно искуство бидејќи околу три години беше директорка и на О.У „Гоце Делчев“ во село Јабланица. Инаку Столеска е наставник по математика и физика.
Раководителот на одделението за образование при општина Струга, Џејми Хајредини, за Столеска вели дека е голем професионалец со искуство во својата работа. Токму тоа е и причината поради која таа е избрана за директор на ова училиште, вели Хајредини.
Политиката на локланата самоуправа е да се назначууваат директори по својата професионалност, а не по политичката определеност. Ова се практикувало досега така ќе биде и во иднина, додаде раководителот.
Инаку на директорското место на Столеска, во ОУ “Гоце Делче“’ во Јабланица, моментално за вршител на должност е назначена Маја Маркоска, оделенски наставник.