Вечерва во 19 часот во хотел Дрим во Струга ќе се одржи Новогодишен концерт на Средното музичко училиште „Тодор Скаловски- Тетоец”, дисперзирани паралелки Струга.
На програмата се композиции од : Дворжак, Моцарт, Николовска, Коен, Штраус Помладиот, Штраус Постариот во изведба на камерниот оркестар и хорот на училиштето под диригентската палка на маестро Алтин Зиба.
Влезот е слободен.
