Skip to main content

Во четврток стружани излегуваат на протест

Утре 02,06,2016 (четврток) во Струга во 18:30, пред платото на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ Струга (кај киното), започнува протестот на Г.З. „Протестирам“.

 |   | 
logo

Утре 02,06,2016 (четврток) во Струга во 18:30, пред платото на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ Струга (кај киното), започнува протестот на Г.З. „Протестирам“.

Во соопштението објавено на социјалната мрежа Фејсбук, стои:

„Струга излегува на протест!
Стружани да излеземе заедно Македонци, и Албанци, и Роми, и Турци, и Власи, и Срби, и Бошњаци и Египќани и сите други.
Овој криминалот не познава ниту националност, ниту партија, ниту здружение, ниту организација, дојди и ПРОТЕСТИРАЈ против него како секој совесен граѓанин.

Протестираме под паролата „Протестирам“ која ги обединува сите граѓани кои бараат слобода.
Граѓани кои се здружени против криминалната власт, заплашувањата, уцените, економската мизерија, како и против аболицијата на сето тоа од страна на претседателот Иванов.“