Skip to main content

Гласните маки за стружани започнаа

На стружани им започнаа маките со прегласната музика кој излегува од угостителските објекти.

 |  Билјана Колоска  | 
Sruga
Струга
Апелираат до сопствениците да бидат крајно внимателни колку гласно музика ќе се слуша од нивните локали. Инспекторите најавија зачестени контроли.

Стружани летово  нема да водат битка со прегласната музика која излегува од кафулињата и ноќните клубови во градот. Инспекторите за заштита на животна средина од Струга, најавиа дека веќе превземаат активности за контрола на бучавата.

kafule„Минатото лето, инспекторите  реализираа акција за мерење на нивото на бучава во сите угостителски објекти во градот. Сега работата ни е олеснета, секој ноќен клуб, кафуле, дискотека, ресторан или хотел има елаборат за тоа до кој степен може да се пушта гласна музика. Но тоа не значи дека инспекторите и понатаму нема да контролираат дали сопствениците на објектите ќе се придржуваат на прописите“, вели Митко Коркутоски.

На терен инспекторите ќе излегуваат и дополнително,  односно по пријава на граѓани, без разлика дали тоа е преку денот или во вечерните часови, вели Коркутоски. Граѓаните своите забелешки можат да ги пријават кај нив, во канцелариите во зградата на општина Струга. За сите прекршоци со јачината на бучавата, ќе ги направат физичките и правните лица, ќе сносат одговорност, односно ќе платат парична казна.

 

{loadposition content9}