На 06.01.2026 во 12:00 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во нива лоцирана на локален пат помеѓу струшките села Ливада и Корошишта, пронајден е пиштол „застава“, калибар 6.35 милиметри и пет куршуми.
–Увид на местото извршија полициски екипи по што, пронајдените предмети се подигнати за натамошна постапка. По целосно расчистување на настанот, ќе следи соодветен поднесок, соопшти Димоски.
На 06.01.2026 во 17:30 часот, во ОВР Струга приведен бил 26-годишен жител на струшкото село Франгово.
–При претрес во деловен објект во истото село во негова сопственост, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа пиротехнички средства кои неовластено ги поседувал, по што, врз основа на член 69 од Законот за заштита од експлозивни материи, тие се одземени за натамошна постапка. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот Димоски.