Две малолетнички од струшките села Мороишта и Ложани пријавени дека се оддалечиле од дома, соопшти СВР Охрид.
„Во ОВР Струга, синоќа во 23 часот, Љ.П.(43) од село Мороишта, струшко, пријавила дека од семејниот дом се оддалечиле нејзината 14 годишна ќерка и нејзината 15 годишна другарка од селото Ложани, струшко. Малолетничките и претходно биле пријавувани дека се оддалечувале од домот и се враќале. информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на девојчињата, кои и пред неполн месец биле пријавени за исчезнати, кога една од малолетничките од семејниот дом украла 2.000 евра, а по неколку дена сами се вратиле дома.