Skip to main content

Менди Ќура најави продажба на аудито од Мерко, отпуштања на административци и ревизија на работењето

Контроверзно набавеното ауди во општина Струга од страна на Рамиз Мерко,  ќе оди на продажба. Ова го најави новиот градоначалник Менди Ќура, кој денес седна во градоначалничката фотелја.
 |  инфодеск  | 

Независниот  кандидат за градоначалник на Струга Менди Ќура денес го доби уверението   од ОИК. По куса средба со претходниот градопначалник,  Ќура најави две предлог одлуки. Првата  продажба на аудито,  рече  за своите потреби ке го користи приватниот автомобил. Воедно  најави отпуштање на сите вработени во општината кои што  не одат на работа.

– Денеска почнуваме од зборови на дела почнуваат промените. Мојот изборен број 133 е среќен број денеска таблиците на мојата кола кои се исти 133 ке биде автомобил кој ке служи на општина Струга во следните четири години. рече Ќура.

Ќура вети исполнување на приоритетните проекти,  решавање на проблемот со депонијата, аерозагадувањето, како и долгогодишниот проблем со водоснабдувањето.

 – Ќе почнеме со проектите патот Мороишта Струга што е најбитен и е покомплициран. Паркинг места, зеленило и сега чекаме со владата да добиеме опрема  за Комуналец околу 8000 канти и возила, , додава Ќура.

Ќура најави ревизија на работењето на општината и сите јавни претпријатија во општина Струга.