Новиот базен во Струга од денеска започна со термини за рекреативно пливање
Месечна членска карта заинтересираните можат да набават по цена од 2000 денари.
Реконструираниот затворен базен во Струга од денес започнува и со термини за рекреативно пливање.
Сите заинтересирани може да го користат базенот за рекреативно пливање во следните термини:
Од понеделник до недела – 07:00-16:00;
Од понеделник до сабота – 21:00-23:00.
Цени за рекреативно пливање:
Дневен билет (пливање 1 час) – 200 денари;
Месечна членска карта – 2000 денари.
Максимален број на пливачи во една стаза е 5. Доколку се исполни капацитетот на базенот во одреден момент, присутните ќе мора да почекаат додека се ослободи место.



