Skip to main content

Опожарена трска на брегот на Охридско Езеро кај Калишта

Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга.
 |  инфодеск  | 
Трска Струга Калишта


На 20.03.2024 во 11.15 часот во ОВР Струга е пријавено дека настанал пожар на површина со  трска во државна сопственост покрај брегот на Охридското езеро на патот помеѓу Струга и струшкото село Калишта.

„Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга. По наредба на Јавен обвинител увид извршија полициски екипи.“ – информираат од СВР Охрид.

фото: Архива ТВМ