Skip to main content

Општина Вевчани

Патната инфраструктура приоритет на Општина Вевчани и во 2024 год

Општина Вевчани и во 2024 година ќе продолжи со инвестиции за подобрување на патната инфраструктура. Преку проекти обезбедени се финансии за изградба на повеќе улици. Буџетот за 2024 година во најмалата општина во земјава изнесува 60 милиони денари.
 |  инфодеск  | 

И оваа година во фокусот на општина Вевчани ќе биде реконструкција и изградба на нови улици. Вложувања во патната и комуналната инфраструктура. Буџетот на општина Вевчани за 2024 година е 60 милиони денари заедно со блок дотации за образовните институции, но парите за инвестиции се обезбедуваат преку проекти.

Обезбедени се средства за изградба на повеќе улици, но и промена на начинот на греење во детската градонка Планински цвет, наместо на нафта ќе се поставуваат топлотни пумпи.

„Парите за проекти ги обезбедуваме преку палицирање со проекти во домашни и странски агенции. Вевчани секогаш така функционирало. Знаете општината својот буџет не може да го користи за капитални инвестиции. Проекти имаме, фокусот овие две години откако сум јас градоначалник е на реконструкција и изградба на нови улици, патишта низ Вевчани. Сакаме да ја доизградиме и канализационата мрежа, која е започната уште во 80 те години, но има уште да се доизгради. Во тек ни е донесувањето на новиот генерален урбанистички план кој е проширен и се надевам дека оваа година ќе го донесиме”, вели Спасе Кочоски градоначалник на општина Вевчани.

Општина Вевчани доби и нов тригодишен грант од ПОНТ  за инвестиции и заштита на Вевчанските извори. Одржливо управување на заштитеното подрачје Споменик на природата Вевчански Извори е една од главните цели на општината.

„Тригодишен договор потпишавме со ПОНТ , тежок е 63 000 евра, а ќе се реализира во текот на три години по 21 000 евра годишно. Тоа пред се ќе се инвестиции во инфраструктура, реконструкција на вевчанските извори. Ќе се реконстурира и облагодори туристичкото место Јанков камен таму има изградено вештачко езеро е доста атрактивно место кое го посетуваат не само вевчанци туку и туристи од цела Македонија” , додава Кочоски.

Општина Вевчани е првата зелена општина во земјава. Па во таа насока континуирано превзема мерки и активности за зајакнување на општинските капацитети за заштита и мониторинг на животната средина и унапредување на туристичката инфрастуктура во заштитеното подрачје.Новинар Соња Рилковска