Skip to main content

СВР Охрид

Пронајдени и запленети 62 пакувања со марихуана при претрес на возило во струшко

Пронајдена дрога кај 46-годишник од Поградец приведен кај Франгово
 |  инфодеск  | 

                                                                                                                                                                                                 
Денеска (08.12.2025) во 07:05 часот, на магистралниот пат Струга- Ќафасан, во близина на струшкото село Франгово, полициски службеници од , Полициската станица Франгово, при Регионалниот центар за гранични работи Запад, од слобода лишија 46-годишно лице од Поградец, Република Албанија. При преглед извршен во патничко возило „опел зафира“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал, пронајдени се три торби со 62 паковки со марихуана. Известен е јавен обвинител, дрогата е одземена, а лицето е задржано во полициска станица. По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава