Skip to main content

СВР Охрид

Со багер скинал кабел на ЕВН, пријава против 39-годишник од Лабуништа

Од најновиот Билтен на СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 

 Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 39-годишно лице од струшкото село Лабуништа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уништување или оштетување јавни инсталации“.

На 4 април 2026 година, кај местото викано „Караста“ во селото Лабуништа, пријавениот, додека извршувал работни задачи со работна машина багер, скинал електричен кабел, сопственост на ЕВН Македонија.