На 25.06.2023 година (недела) ќе се одржи традиционалниот Планинарски марш до највисокиот врв на Јабланица, Црн камен (2258 м.н.м.в) во организација на ПЕД „ЗАКАМЕН“.
Во тек е пријавување на учесници кое ќе трае до 23.06. (петок). Заинтересираните можат да се пријават на тел. 078-217-597 (Димитри), 077-538-003 (Глигор), на e-mail: pedzakamen@gmail.com или на Фејсбук страната www.fb.com/ZakamenPED каде ќе се информираат за сите предуслови за учество во маршот.
Патеката е средно тешка со должина од 12 км.
ПРОГРАМА:
Сабота (24.06.2023)
16:00 часот – Пристигнување на планинари и планинарски групи кои преноќуваат во С. Горна Белица и поставување шатори. (Можност за поставување шатори во дворот на поранешната караула на АРМ)
18.00 часот – Планинарска забава: „VINYL PARTY – DJ KUKUNESH” (почеток)
00:00 часот – Планинарска забава (крај)
Недела (25.06.2023)
07:30 часот – Собирање на планинарите и планинарските групи пред хотелот во Г. Белица
08:00 часот – Тргнување кон највисокиот врв на Јабланица Црн камен (2258 м.н.м.в)
11:00 часот – Пристигнување на врвот и собирање на сите планинари
12:00 часот – Напуштање на врвот, поаѓање кон вевчанска локва и враќање во Горна Белица.
15:00 часот – Пристигнување во Горна Белица, одмор и планинарско дружење.