10 Дримска Конференција наредната недела во Струга

Од 2 до 4 јуни 2026 година, во Струга ќе се одржи 10 Дримска Конференција, како дел од Меморандумот за разбирање за заедничко управување на Дримскиот Басен (2011) и Вториот ГЕФ Дримски проект за имплементација на приоритетните мерки од Стратешкиот акционен план за Дримскиот Басен (2020).
На конференцијата ќе учествуваат преставници од надлежните институции на државите од Дримскиот Басен, локалните самоуправи, претпријатијата надлежни за управување со води, регионални и интенационални организации.
-Преставници на државите ќе рефериираат за процесот на досегашната имплементација на Стратешкиот план за Дрим на национално ниво и спроведувањето на Европската рамковна директива за води и намалувањето на загадувањето на водите од низа на извори. Темите на Конференцијата се поврзани со врската помеѓу Стратешкиот план за Дримскиот Басен и Зелената Агенда на ЕУ, а ќе се презентираат и основните информации за процесот на одобрување на новиот ГЕФ проект за заштита на сливот на Охридското Езеро, информираат организаторите.
Пред присутните се очекува да се обратат заменик премиерот и министер за транспорт, заменик министерот на Министерството за животна средина и просторно планирање на Косово, директорите на директоратите и секторите надлежни за управување со води како и преставниците на УНДП, УНЕЦЕ и Глобалното партнерство за води-Медитеран кое го спроведува ГЕФ 2 Дримскиот проект







