Skip to main content

Трагедија

18-годишник усмрти пешак во Враништа

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот и бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде што подоцна починал.
 |  инфодеск  | 
Полиција несреќа

Тинејџер на 18-годишна возраст усмрти пешак во струшко во уште една сообраќајна несреќа со трагичен исход.

Сообраќајката се случила на регионален пат во Враништа, струшко, а возачот кој управувал „фолксваген пасат“ прегазил 54-годишен маж од Струга.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот и бил пренесен во болницата „Св.Еразмо” во Охрид, каде што подоцна починал – потврдува МВР.

Увид на местото извршила екипа на ОВР Струга.