Skip to main content

СВР Охрид

 20-годишнно лице од Франгово лишен од слобода бидејќи управувал возило без положен возачки испит, одземено и неговото возило

Од најновиот Билтен на СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Полиција несреќа

На 8 февруари 2026 година, во 02:55 часот, на регионалниот пат Подмоље-Струга, од слобода е лишено 20-годишно лице од струшкото село Франгово.

– При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило марка „Поло“ со струшки регистарски ознаки, при што било утврдено дека го управувал возилото без положен возачки испит. По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.