Skip to main content

200 години од раѓањето на Димитар Миладинов

Во Струга одбележана 200 годишнината од раѓањето на Димитар Миладинов.

 |  Татјана Маленкова  | 
braka Miladinovci
браќа Миладиновци

Во Струга одбележана 200 годишнината од раѓањето на Димитар Миладинов.

polaganjeПред спомен одбележјето се поклонаа преставници од локлната самоуправа, невледини организации, но и членови на поколенијата на двајцата браќа. Двајцата браќа не само што го прославија  својот трудот туку го возвишија и нашиот град кој со право го носи епитетот град на браќата Миладиновци, вели историчарот Петар Аврамоски.

Со рецитирање на песната „Т’га за југ“ од Константин Миладинов денеска во Струга започна чествувањето на 200 годишнината од раѓањето на Димитар Миладинов. „Овој јубилеј е за почит бидејки прв пат во нашата современа историја ние имаме личност  на кого му славите олку голем љубилеј“, вели директорот на музејот во Струга Сашо Цветкоски.  

Браќата Миладиновци го започнаа зародишот и бурните настани кои следат во преродбенската борба. Со своето дело оставиле траен белег со кој ги задолжиле генерациите кои доаѓаат по нив, нивното дело да биде славено за навек.

Димитар и Консантин Миладинови се синови на скромниот струшки грнчар Ристе Миладин кој со својата сопруга Султана имал шест синови и две ќерки. Од нив најстариот и најмладиот го превзеле патот на науката.

„Точната причина за смртта на Миладиновци не е позната. Од расположливата докуменатација се добиваат податоци за причината на нивното затворање. Грчките духовни власти, претставниците од цариградската патријаршија, властите кои ги наклеветиле дека се Руски шиони. По овие клеветења упатени кон нив, Турските власти најавувале судење на шпиуните“, вели историчарот Петар Аврамоски.

„Поголема е обврската отколку честа да се носи ова презиме“ вели Ристо Миладин единствен потомок од четврто колено по машка линија на Димитрија Миладинов.

Жалосно е што немаме никава официјана информација за причината на смртта на нашите предци, но и никакви податоци каде се тие закопани“, вели Миладин. Правевме напори за откривање на местото каде се закопани, но се беше безушпешно. Ова прашање треба да се реши на државно ниво.
Со гордост можам да кажам дека во мојот дом како наследсво на жаната на Димитар имам семејно дидаре кое го правела лично таа. Тоа го изработила во 1878 год. по заклучокот дека неможе да ги добијат талата на нејзиниот маж и девер, по што во Струга им организирача импровизиран закоп. Дидарето го поставувала на гробовите кои наместо тела била полни со лични предмети на Димитар и Константин Миладинови, вели нивниот потомок Ристо Миладин.  

{loadposition content9}