Skip to main content

2010 година плодна за стружани

Градоначалникот Мерко се пофали со 15% повисок буџет за идната година.

 |  Николовска Биљана  | 
logo
лого
Градоначалникот Мерко се пофали со 15% повисок буџет за идната година.
Тој голем приоритет дава на урбаната сфера, бидејќи покрај домашните, голем интерес има и кај странските инвеститори за градба. А тука веќе е познато каде се инкасираат средствата.

советБуџетот на општина Струга за 2010 год тежок над 14 милиони евра. Во споредба со годинава тој е за 15 % повисок. Првиот човек на општина Струга Рамиз Мерко вели, дека иако се соочуваат со последиците на економската криза, зголемувањето на буџетот за 2010 год се темели пред се на донесувањето на деталните урбанистички планови. Тука се инкасираат многу средства, кои директно влегуваат во програмите за наредната година, само Советот на општина Струга треба да ги усвои на седница, додава Мерко.

За урбаната сфера одат најголем дел од планираните средства на буџетот за 2010 вели Мерко. Тука треба да се потенцира податокот, дека покрај домашните инвеститори голем е интересот и кај странските, за местата кои треба да се урбанизираат. Приоритет ќе се даде на програмите од полето на инфраструктурата.
Градоначалникот на Струга, оптимист за престојната 2010 година. Очекува дека ќе се амортизира и надмине светската економска криза што го тресе светот, вклучувајќи ја и нашата држава. Според Мерко, смирува податокот што на територијата на општина Струга, ретко во која институција се доцни со плати. А како најголем приоритет е тоа што е постигнато нивото на соживот во мултиетничка средина како што е Струга.

{loadposition content9}