Skip to main content

250.000 евра средства за струшката болница

250.000 евра, за хируршкото одделение при Општа болница во Струга. Министерот за здравство Бујар Османи порача дека веќе се обезбедени услови за современа медицинска пракса.

 |  Николовска Билјана  | 
Bujar Osmani
Бујар Османи
250.000 евра, за хируршкото одделение при Општа болница во Струга. Министерот за здравство Бујар Османи порача дека веќе се обезбедени услови за современа медицинска пракса.

medicinski centarОдделението за хирургија во Струга доби нов лик. Денеска и официјално Министерот за здравство Бујар Османи ја предаде во употреба новата хируршка сала, со современа медицинска апаратура. Средствата за опремата во вредност од 250 000 евра министерството ги обезбеди преку кредит од Италија. Истата беше лоцрана во новиот објект на болницата изграден со сопствени средства на медицинскиот центар од Струга. Османи рече дека веќе се надзира крајот на процесот на набавка на современа медицинска опрема за Струга.

Струшката болница е од огромно значење за регионот. Менаџерскиот тим има интенција таму да се лекуваат пациенти од другите земји, потенцираше Османи. Тој рече дека веќе размислува за поголеми инвестиции во реконструкција на Струшкиот медицински центар.

Досега многу е вложено во Струшката Општа болница рече Директорот на оваа установа Ментор Ибрахими. Тој додаде дека ваквите потези на министерството за здравството водат само кон подобар квалитет на здравствените услуги кои што ги дава болницата.

На денешната средба со вработените и раководството на струшката болница, на министерот му беа посочени и секојдневните проблеми со кои се соочуваат при нивната работа. Тие од Министерството побараа нови возила за Службата за ургентна медицински помош и средства за реновирање на објектите на централната медицинска установа.  

 

{loadposition content9}