Skip to main content

СВР Охрид

27 годишен стружанец изманипулирал броило на ЕВН во угостителски објект

Делото за кое се сомничи е „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.
 |  инфодеск  | 
Струга Црн Дрим

 СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице, угостителски објект и против 27-годишник од Струга, сопственик на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.

– На 17-ти јануари 2025 година, при извршена контрола било констатирано дека во угостителскиот објект бил вграден апарат, кој го манипулирал броилото за електрична енергија и на тој начин не била прикажувана реалната потрошувачка на електрична енергија. На тој начин била оштетена ЕВН Груп Македонија за износ од 260.045 денари, информираат од СВР Охрид.