3-ти Мај, ден кога тишината е најгласна
Светот го одбележува 3-ти Mај, Ден на слободата на медиумите. Во извештајот на невладината „Фридом Хаус“ за слободата на медиумите стои дека Македонија се вбројува во групата делумно слободни држави и се наоѓа на 94-то место.
слобода печат

Репресивните влади во светот вршат тортура врз „непослушните“ новинари, а многу злосторства врз нив останале неказнети. Да бидеш новинар во интерес на вистината не е лесно ни кај нас, вели новинарот Никола Манески.
Имателите на информации со бројни притисоци на софистициран начин вршат закани истакнува Манески, а се поголемата отвореност создава проблеми кај оние кои не ја сакаат демократијата и им сметаат новинарите.
Слободата на новинарите постојано е поврзана со демократијата и политичките системи, но во светот никаде не постои апсолутна слобода на говорот на новинарите или демократијата, нагласува Симон Илиески, претседател на Здружението на охридските новинари.
За да се надминат кај нас состојбите во информирањето потребно е добро организирање на фелата, вели Илиески. Доколку се заштити професијата тогаш и степенот на слободата на говорот низ медиумите ќе биде на повисоко ниво смета тој.
Здружението на новинарите од Македонија, денес се приклучи кон повеќето земји во светот, кои го одбележаа 3-ти Мај, Ден на слободата на медиумите со акцијата „5 минути громогласен молк“. За потсетување дека во светот само во првите 4 месеци од годинава, девет новинари платиле со живот за слободата на информирање, а околу 300 новинари во моментов се наоѓаат во затвор.
{loadposition content9}