Skip to main content

30 години „Порака Нова“

Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства, „Порака Нова“ од Струга ја одбележува триесетгодишнината од своето постоење.

 |  Голабовски Крсте  | 
poraka
порака

Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства, „Порака Нова“ од Струга ја одбележува триесетгодишнината од своето постоење.

ШтитенициОваа организација е формирана во 1984-та година, од страна на група родители кои имаат деца со посебни потреби, конкретно со интелектуална попреченост и оттогаш непрекинато функционира. На почетокот Порака  функционира како социјален клуб, во кој се одвивале одредени активности, дружења, екскурзии, за да во 2005-та година, со помош на Локалната Агенција за развој, Општина Струга, UNDP и финската влада се формира дневниот центар.

Утре 3- ти декември Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби ќе одбележи 30 години од основањето. Прославата ќе се одржи во хотел Дрим во Струга со почеток во 13 часот.  

{loadposition content9}