
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 33-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При контрола во неговиот автомобил извршена на улица „Пролетерски бригади“ во Струга, полициските службеници, пронајдоа и одзедоа марихуана.