Skip to main content

СВР Охрид

4-годишно дете почина во струшката болница

СВР Охрид соопшти дека утринава починало 4-годишно дете во струшката болница.
 |  инфодеск  | 
Струга болница

СВР Охрид соопшти дека утринава починало 4-годишно дете во струшката болница. Според информацијата, случајот бил пријавен во 9:50 часот од медицински лица од Општата болница во Струга.

– Медицински лица од Општата болница во Струга е пријавено дека, на Детското одделение во болницата било донесено четиригодишно дете од Струга, кое извесно време било во тешка здравствена состојба. И покрај итно укажаната медицинска помош, починало, изјави портпаролот Стефан Димоски.

Полицијата во координација со јавен обвинител, презема мерки за целосно расветлување на настанот.