Skip to main content

5 партии зад еден кандидат за градоначалник на Струга

Ова е заложбата на струшки невладини организации, спортски клубови,  месни заедници но и црковни одбори.

 |  Билјана Колоска  | 
Crn Drim
Црн Дрим
Ова е заложбата на струшки невладини организации, спортски клубови,  месни заедници но и црковни одбори.

Невладини организации, спортски клубови, месни заедници но и црковни одбори, во потрага на соодветна личност за прв човек на Струга. Тие пратија допис до Вмро-Дпмне, СДСМ, ПЕИ, ДОМ како и Вмро НП,  да се подржи еден заеднички кандидат кој би направил промени во градот.

„Ситуацијата во нашата општина во последниве години наназад воопште не е мрдната од мртва точка, дури и се влошува. Струга од прекрасен туристички центар е ставена како заложник на интересите на поединици, се гуши и тоне од нивните напластени проблеми,  Денес без ралика дали секој од нас живее во градот Струга, во Мислешево, Радолишта, Лабуништа, Октиси, Враништа или во некое друго населено место, кај сите нас е иста болката за уништувањето на нашата општина, град, село“, стои во дописот.

Struga Затоа тие бараат да се застане зад еден заеднички кандидат. Докажан човек во својата професија, кој се бори за интересите и правата на своите граѓани. Истиот би бил најшироко прифатена личност, од горенаведените партии, здруженија на граѓани, бизнисмени, поедници и други влијателни личности и професии и со тоа на овие избори би ја добил  довербата од мнозинството граѓани.

“На тој начин нашата општина би добила еден современ и угледен човек, кој ќе се бори и заложи Струга го добие старото светло“-се наведува во дописот. Според нив, таква личност е адвокатот Славко Котески, претседател на Вмро-Дпмне.

ТВм стапи во контакт со повеќе невладини организации во Струга. Дел го подржуваат Котески, други се на страна на актуелниот градоначалник додека трети даваат предлог за кандидати од други политички партии.

 

 

 

{loadposition content9}