На 25.07.2023 во 15.25 часот во ОВР Струга, пријавено е дека во водите на Охридското Езеро, во близина на плажа во Струга, била пронајдена удавена Ф.С.(67) од Ресен. Лекар од Итната медицинска помош од Струга констатирале смрт без видливи траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција, информираа од СВР Охрид.