СВР Охрид
67 годишна жена од Ресен се удави во Охридско езеро во близина на струшка плажа
Лекар од Итната медицинска помош од Струга констатирал смрт без видливи траги на насилство, информираа од СВР Охрид.
На 25.07.2023 во 15.25 часот во ОВР Струга, пријавено е дека во водите на Охридското Езеро, во близина на плажа во Струга, била пронајдена удавена Ф.С.(67) од Ресен. Лекар од Итната медицинска помош од Струга констатирале смрт без видливи траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција, информираа од СВР Охрид.


