Skip to main content

Над 890 уметници на Вевчанско културно лето

ВЕКУЛ е манифестација која годнава за прв пат се одржува во „держава“ Вевчани. Станува збор за Вевчанското културно лето кое претставува единствено остварување во помалите општини за афирмација на културното живеење и развојот на туризмот.

 |  Николоска Биљана  | 
vevcani
вевчани

 

vevcaniВевчани со забрзани чекори оди кон развој на туризмот. Oпштината културно ќе се издигнува преку организација на ВЕКУЛ, Вевчанското културно лето, кое започна на 14.07 и ќе трае до 08 ми септември годинава. „Ме радува силната поддршка од членството на културната манифестација „Печалбарски денови“ како и на членовите на КУД „Дримкол“ од Вевчани, кои своите програми ги обединија и за прв пат ќе ги презентираат на ВЕКУЛ“, истакана Цветомир Угриноски – градоначалникот на Вевчани.

„Нашата општина Вевчани е прва и единствена од помалите општини во Р. Македонија, која организира ваква автентична манифестација нудејќи им на граѓаните разновидна програма за сите вкусови од сите уметнички области. Јасно и недвосмислено се покажува дека вака здружени и сплотени не само што можеме многу повеќе да дадеме туку и подалеку да стигнеме со брендот Вевчани“.

vevcaniНа Вевчанското културно лето планирано е остварување на 22 програми во кои учество ќе земат 890 уметници од земјава и од странство, најавува градоначалникот Угриноски. Свеченото отварање на манифестацијата беше во неделата, а на тоа претходеше ликовната колонија „Вевчански видувања“, како и промоцијата на романот „Безгрешни копилиња“ на Илија Каланоски.

„Главен настан ќе биде Преображение тоа ќе биде 4 дена почнувајќи од 16 јули до 19 со учество од 12 фолклорни ансамбли од странство, 4 промоции на книги, 4 фолклорни вечери, 2 филмски вечери 2 музички концерти, 3 театарски претстави, 1 ликовна изложба и едно предавање посветено на поделбата на Македонија со Букурешкиот договор“.

Годинешното прво издание на ВЕКУЛ се одржува по повод 3 значајни јубилеи, 670 години од второто споменување на Вевчани во пишан текст, 180 години од работата на вевчанското народно училиште на мајчин македонски јазик и 140 години од осветувањето на црквата „Св. Никола“. Угриноски веќе има визија и за наредната година. Планира државен фестивал на помалите општини по повод 70 години АСНОМ и од ослободувањето на Р. Македонија. Тој е убеден дека вевчанското културно лето ќе допринесе за забрзан развој на туризмот во општината.

{loadposition content9}