Струшката агенцијата за развој и потикнување на земјоделството остана без пари
Вработените алармираат на последиците кои им се закануваат на земјоделците. Од владата смируваат, ќе се реши и тој проблем.
agencija za razvoj na zemjodelie
Вработените алармираат на последиците кои им се закануваат на земјоделците. Од владата смируваат, ќе се реши и тој проблем.
Струшките земјоделци ја испуштија можноста да бидат советувани на кој начин треба да се засее плодната површина. Оваа но и другите активности кои се предвидени во есенскиот период не може да бидат реализирни од страна на Ангенцијата за развој на земјоделетво, бидејќи четврти месец на нивната сметка не е префрлен ниту денар. Ваква е ситуацијата во сите агенции низ Македонија, но за овој проблем јавно проговорија претставниците од струшкиот регион. По разрешувањето на директорот на Агенцијата за потикнување и развој на земјоделството чие седиште е во Битола, веќе четври месеци директорскот место е празно. Поради тоа, најголем проблем се јавува кај земјоделците, за што се загрижени од струшката агенција.
Бидејќи нашата работа е едукација на терен и е поврзана со сезоната, ако некоја работа треба да се заврши во септември веќе во октомври е доцна, во тоа губат земјоделците а се стремите за усовршување на оваа област“-вели Слаѓана Бебекоска Калајџиеска од агенцијата за потикнување и развоја на земјоделство.
Покрај тоа што многу од предвидените активности останаа не реализирани, вработените во агенцијата потенцираа и дека во овие четири месеци не им се платени личните доходи и здравстеното осигурување. Калајџиеска вели доколку продолжи ваквата состојба, се доведува во прашање и постоењето на самата агенција.
“Бидејќи просторот во кој сме сместени ни е даден под наем, сопственикот еден ден ќе го изгуби трпението и ќе ме притисне да си заминиме од тука“ додаде Калајџиеска.
ТВм стапи во контакт со портпаролот на владата на Република Македонија, од каде побаравме дали на изминативе седници Владата е донесена одлука за поставување директор на агенцијата за потикнување и развој на земјоделството. Од таму ни кажаа дека на оваа тема досега не било разговарано. Портпаролот не информира дека за скоро време ќе се донесе и одлука за назначување директор на оваа функција.