Агенцијата за поддршка и развој на туризам седи на два стола
Неизвесна судбината на поранешната струшка канцеларија на Агенција за поддршка и развој на туризмот.
Неизвесна судбината на поранешната струшка канцеларија на Агенција за поддршка и развој на туризмот. Од мај 2011 со одлука на Владата седиштето на Агенцијата е префрлена во Скопје. 6-мината вработени во струшката канцеларија останаа каде што беа, додека само двајца вработени на чело со директорот Јордан Трајков се водат во скопската канцеларија. Вработените од Струга сега не знаат каков е нивниот правен статус дали станува збор за канцеларија или поддружница. Нерешениот правен стаус ја отежнува и комуникацијата и потребата од проток на информации. Никој од овие вработените во Струга не е задолжен за контакт со јавноста. Никој не открива кој се тековните активности кој, како и на што работи во моментов во струшката канцеларија за поддршка и развој на туризмот. Дополнителна неизвесност за судбината на струшката канцеларија внесува и владиниот предлог за формирање на 8 регионални канцеларии. Некои од заложбите на политичарите се една таква регионална канцеларија за струшко-охридско – преспанскиот регион да биде лоцирана во Охрид, наместо во соседниот град.
Она што е поврзано со работата и финасирањето на оваа Агенција е последниот напис во весникот „Капитал“, каде што анализата покажува дека осумтемина вработени во Агенцијата за промоција на туризмот идната година најмногу ќе ја чинат државата – дури 176.000 евра по вработен годишно. Наведуваат дека тоа е убедливо најголем трошок по вработен во целата јавна администрација. Оперативните расходи по вработен во Агенцијата за туризам нагло се зголемени за 2013 година, иако и за оваа годинава не се мали, околу 33.000 евра, што е еден од повисоките расходи споредено со вработените во другите државни институции.
Инаку, вкупниот буџет на оваа институција за 2013 година е проектиран на 2,4 милиони евра. Во оперативните расходи влегуваат сите трошоци за вработените покрај плата и дневниците за патувања, патните трошоци, потрошениот материјал.
{loadposition content9}