Skip to main content

Чиста и здрава животна средина

Акција за чистење на струшкото крајбрежје

Градоначалникот Мерко ги повика стружани заеднички да ја чуваат околината и да обезбедат чиста и здрава животна средина.
 |  инфодеск  | 
Чистење на струшко крајбрежје

Oпштина Струга и градоначалникот Рамиз Мерко беа дел од акција за прочистување на неколку локации од Охридското Езеро. Во рамки на акцијата која беше организирана од Пивара Скопје преку брендот СКОПСКО, а поддржана од Министерството за животна средина и просторно планирање и Пакомак, беше собран отпад на вкупна површина од 100.000 метри квадратни.

Градоначалникот Мерко ги повика стружани заеднички да ја чуваат околината и да обезбедат чиста и здрава животна средина.

Чистење на струшко крајбрежје

Задоволство ми е што денеска сум дел од ваква еколошка акција и соработка. Нашиот град се познава по убавата природа, чистиот воздух и животната средина, но ова не значи дека ние и понатаму не треба да вложуваме и да се трудиме за подобра иднина. Покревање на свеста кај граѓаните за зачувување на животната средина е многу битно, затоа сум сигурен дека оваа акција освен што ќе придонесе на чистење на крајбрежјето на езерото во Струга, исто така ќе пренесе до стружани, но и пошироко дека ние сами треба да ја чуваме околината и да обезбедуваме чиста и здрава животна средина – изјави Мерко.

Поддршка во реализација на оваа акција дадоа од Мен енд Маунтаин кои ја потенцираат ургентноста од делување и значењето кое го имаат овие акции за чистење на животната средина, но и за јакнење на свеста за одговорноста на секој поединец.

Чистење на струшко крајбрежје