©2008 - Сите права се задржани. Powered by TVM.


Акумулацијата Шум издадена под концесија

Од МЈП „Проаква“, загрижени дека ќе биде загрозена безбедноста за снабдување со вода за пиење.

 |  Николоска Биљана  | 
sum akumulacija
шум акумулација

Акумулацијата Шум, годинава за прв пат се издава под концесија за риби и организација на рекреативен риболов. Во преставка од МЈП „Проаква“, до државниот инспекторатот за животна средина е укажано дека акумулацијата е пренаменета од страна на други правни и физички лица за други дејности (рибарство, услужни објекти), со што директно е загрозена безбедноста за снабдување на вода за пиење, од аспект на квалитет на вода и техничка функционалност. Со состојбата запознаени од Министерството за животна средина и просторно планирање.
sum inspektorИнспекторот за Животна средина и просторно планирање Игор Трајковски го затекнавме на терен и побаравме од него информација дали има тој забелешка во врска преставката на МЈП „Проаква“, но тој кратко ни одговори дека тоа ќе ни го достави во писмена форма.
На што пак се должи посетата на државниот инспектор за животна средина ја кажа концесионерот на акумулацијата Шум, Хашим Даци.

„Инспекторот дојде по налог на директорот на Проаква или шефот Ваит Ајро, можеби и вие го знаете, а Ваит Ајро со Адем Османи тука што ја имаат кафаната заедничка нивна и на Ваит Ајро незнам што му сметат што дојдов јас да правам прочистување. Тоа е како приказната со волкот и јагнето. Јас правам убаво овде и неправам лошо“, вели Даци.

hasim komsijaТВМ дознава, дека надлежниот инспектор, на концесионерот го задолжил да прекине со изведување на активности за чистење на акумулацијата, се додека не обезбеди дозвола за користење на водата за одгледување на риби. Но одговорот на прашањето, дали е загрозена безбедноста на системот за водоснабдување од изворите кај Шум, не го добивме ни во писмена форма од надлежниот инспектор.

Инаку, правото за концесионерство на акумулацијата Шум во рок од шест години, ја доби Хашим Даци од Шум. Тој вели дека долги години ја меркал оваа концесија, бидејќи сакал овој локалитет кој цели 30 години е недопрен да го уреди и да биде атракција за бројните посетители. Даци категоричен дека работат согласно законот и ништо надвор од тоа. Тој првично планира да вложи средства во износ од 100 000 евра, без повратен бенефит.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top