Кривична пријава
Албански државјанин нападнат од жител на Радолишта
ОВР Струга поднесе кривична пријава против жител на струшкото село Радолишта кој физички нападнал албански државјанин и го лишил од слобода.
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „против правно лишување од слобода”, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.Д. (43) од струшкото село Радолишта.
Тој на 22.03.2022 година, на локален пат во селото, го пресретнал албанскиот државјанин К.Е. (35) и го повикал во неговото возило. Потоа го однел во неговиот дом и физички го нападнал – се вели во соопштението на СВР Охрид.


