Александар Попоски со уште еден мандат
На синоќешната изборна конференција тој едногласно беше избран за челник на организацијата. Нема меден месец, веднаш се фаќаме за работа, истакна претседателот.
На синоќешната изборна конференција тој едногласно беше избран за челник на организацијата. Нема меден месец, веднаш се фаќаме за работа, истакна претседателот.
Александар Попоски ја доби довербата на централното и општинското раководство на СДСМ. Тој од синоќа официјално доби уште еден мандат за претседател на општинската организација на оваа партија во Струга. На изборната конференција на која присуствуваа 80 делегати, Попоски едногласно беше избран за прв човек на партијата. Тој воедно беше и единствен кандидат кој претендираше за челната функција. Иако сеуште има време до следните парламентарни избори, сепак ние уште веднаш ќе се фатиме за работа, вели актуелниот претседател на општинската организација на СДСМ.
„Нема време за меден месец, за една до две недели ќе биде конституиран новиот извршен одбор. Ќе се постави и нов секретар на општинската организација“-вели претседателот Попоски.
Состојбата во општинската организација на СДСМ ќе се ресетира, најавува новото раководство на партијата. По месните организации ќе се поставуваат нови претседатели, онаму каде не се забележани никави резултати во ниваната работа, велат од таму.
Во Извршниот Одбор избрани се дури 9 млади членови. Тоа ни е и пораката до сите млади луѓе во градот, дека СДСМ-Струга се подмладува, работите тргнуваат на подобро, вели претседателот Попоски. Додава оти се повеќе се зголемува бројот на нови членови и сипатизери на нивната партија. Актуелниот претседателот вели дека СДСМ во Струга повторно ја враќа довербата кај граѓаните.
Од СДСМ најавија дека од сега па натаму многу поажурно ќе ја следат работата на градските власти.
{loadposition content9}