Skip to main content

Алкохолот се поприсутен и подостапен за младите

Пороците демнат на сите страна. Алкохолот се повеќе меѓу младите. Прекумерното користење на алкохол по себе повлекува и други негативни последици. Посебно загрижува што женската популација е на тапет и тоа на се помала возрасна граница, вели Драгица Павлеска Попеска од НО „Езерка“.

 |  Билјана Николовска  | 
pijan
пијан

pijaniПороците демнат на сите страна. Алкохолот се повеќе меѓу младите. Прекумерното користење на алкохол по себе повлекува и други негативни последици. Посебно загрижува што женската популација е на тапет и тоа на се помала возрасна граница, вели Драгица Павлеска Попеска од НО „Езерка“. Додава, дека после пијанството девојките не знаат што ги чека и што се може да им се случи.

Попеска потенцираше дека очигледно родителите малку им посветуваат време на своите деца. Таа вели дека домашното воспитание недостасува кај децата. Попеска додаде дека мора да се седне на иста маса со родителите, бидејќи според неа тие можат да имаат најголемо влијание врз своето дете.
Сите појави кај младите будно ги следиме, вели Павлеска. Точењето на алкохол во забранетите часови треба да се почитува од страна на сопствениците на кафулината, но и надлежните да ги засилат контролите врз истите додава таа.

Родителите се помалку да се правдаат дека се презафатени поради своите бизниси, бидејќи ништо не е повредно од доброто воспитување и правилно насочување на децата, порача Павлеска.  
{loadposition content9}