Skip to main content

Рупикапра МТБ

Амбасадорот на Словачка возеше МТБ на Јабланица

Амбасадорот беше придружуван од членови на Рупикапра МТБ – здружение за планински велосипедизам.
 |  инфодеск  | 
Словачки амбасадор на јабланица

Во Струга,како домаќин на Преспа форумот престојуваа голем број амбасадори,дипломати,странски и домашни државници кои слободното време го користеја за посета на локалните обележја.

Амбасадорот на Словачка, Хенрик Маркуш последниот ден од престојот во Струга го искористи за возење МТБ на планината Јабланица.

Придружуван од членови на Рупикапра МТБ – здружение за планински велосипедизам, тој од Струга низ селото Вишни се искачи до Три Шилка, од каде се спушти на граничниот премин Ќафасан, преку Радожда. Во локален ресторан проба и гравче-тавче.