Стружанката Ана Прентоска од ВК „Црн Дрим“ – Струга го освои 6. место во дисциплината 1000 метри, во конкуренција на 28 натпреварувачки кои успеаја да се квалификуваат во финалната група. Светското првенство во веслање на ергометар (2026 World Rowing Virtual Indoor Championships) беше одржано во организација на World Rowing.
Ова престижно натпреварување се реализираше во виртуелен формат, каде веслачи од целиот свет настапија на Concept2 ергометри од своите клубови и тренинг центри, поврзани преку официјалната он-лајн платформа.
На програмата беа дисциплините 1000 метри, 5000 метри и 1 минута спринт, во повеќе возрасни категории, а учество зедоа голем број натпреварувачи од сите континенти.
-Нашата натпреварувачка Ана Прентоска од ВК „Црн Дрим“ – Струга го освои одличното 6 место во дисциплината 1000 метри, во конкуренција на 28 натпреварувачки кои успеаја да се квалификуваат во финалната група. Ана настапи во категоријата 1000 метри за жени до 17 години, при што оствари време од 03:42.01, што претставува значаен резултат на едно од најсилните светски натпреварувања во ергометар, велат од ВК „Црн Дрим“ – Струга.