Анкети, анкети, анкети…
Спроведена анкета од страна на организацијата „Фонд за развој на млади“
„Фондот за развој на млади“ деновиве спроведе анкета. Во неа се опфатени 1080 лица од поголемите етнички заедници на територија на општина Струга. Анкетата е направена телефонски и по случаен избор. Во неа 84% проценти од испитаниците се изјасниле дека во Струга постои добар соживот. На прашањето дали би излегле да гласате на претстојните избори, со висок процент од 75,9% се изјаниле позитивно, 16,1% негативно а 8% се не определени. За работата на локалната самоуправа, мислењето на граѓаните е поделено.
„Фондот за развој на млади“ е младинска организација која што работи на проекти за развоја на граѓанскиот сектор во Македонија и младинското учество во јавниот живот. Како дел од активностите , нивната организација соработува со други здруженија на граѓани и фондации од Европската Унија и Југоисточна Европа.
Составен дел од нивните активности е и:
-Подршка на младите во процесот на остварување на нивните граѓански права.
-пратење на изборната кампања.
-набљудување на изборите со независни набљудувачи.
-анкетирање и изработка на анлизи за рејтинзи
Од „Фондот за развој на млади“ известуваат дека во тек е спроведување на анкета за општина Охрид, која ќе биде објавена во средината на следната недела.
{loadposition content9}