Skip to main content

Одбележување на денот на езерото

Археолошки пронајдоци на локалитетот Врбник

Со презентација на археолошките пронајдоци на локалитетот Врбник денес во Струга се одбележа денот на Охридското Езеро. Досега е истражена само една десетина од подводниот локалитет, кој е атрактивен и треба да биде достапен за јавноста.
 |  инфодеск  | 
Локалитет Врбник Струга

По повод Денот на Охридското Езеро денес во Струга беа презентирани резултатите од археолошките истражувања на локалитетот Врбник. Пред јавноста беа претставени дел од пронајдените богатиот археолошки материјал, керамика, садови, разновидни бронзени предмети и накит.

Досега е истражена само една десеттина од подводниот локалитет, кој е атрактивен и треба да биде достапен за јавноста.

Стои отворена можност за отворање на изложба за претставување на пошироката јавност од една страна, а од друга страна дека е репрезентативен и атрактивен локалитет во секоја смисла на зборот – вели Валентина Тодороска, археолог.

Локалитет Врбник Струга

Меѓународниот тим археолози, кој веќе две години работи на локалитетот Врбник под водство на Универзитетот во Берн се воодушевени, велат, подводната наколна населба крие многу вредно археолошко наследство.

Главната цел од археолошки аспект да се утврди староста, од кога датира најстарата наколна населба на Охридското езеро, која е најмладата и може да кажеме дека најстарите досега откриени пронајдоци датираат од 500 година п.н.е., а најмладите од 800 или 700 година п.н.е. – изјави Алберт Хафнер, професор од Универзитетот во Берн.

Локалитет Врбник Струга

Музејот за археологија планира воведување на посебно одделение за подводна археологија.

Многу ми е мило што го презедовме раководењето и надлежноста за овој подводен локалитет. Она што е важно е дека оваа година во рамките на археолошките истражувања се спроведуваат и интердисциплинарни истражувања – изјави Славица Бабанова, директорка на НУ Археолошки музеј на Македонија.

Локалитет Врбник Струга

По повод Денот на езерото Едриличарскиот клуб „Струга“ за љубопитните посетители организираше бесплатни тури до локалитетот Врбник.

Локалитет Врбник Струга

Новинар : Соња Рилковска