Skip to main content

Ауди со стушки регистарски ознаки удрило во 36 годишен охриѓанец на патот Ќафасан – Подмоље

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
 |  инфодеск  | 
Подмоље

Денеска (16.01.2025) во 01:50 часот, во полициската станица Струга пријавено е дека на магистралниот пат Ќафасан – Подмоље, патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 32 годишно лице од с.Драслајца, струшко, удрило во 36 годишен пешак од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.