Skip to main content

Аудито на Mерко на аукција со почетна цена од 21.800 евра

На 16.03.2026 година, со почеток во 10:00 часот, на интернет страницата e-stvari.mk, ќе се одржи аукција за продажба на возилото, автомобил тип Audi, модел A6, објавија од општината.
 |  инфодеск  | 

Општина Струга на аукција ќе го продава автомобилот Ауди А6 на поранешниот градоначалник Рамиз Мерко по почетна цена од 1.344.636 денари (21.800 евра). Проценката за вредноста на автомобилот ја дал овластен експерт, а наддавањето ќе се одржи електронски на 16 март.

На 16.03.2026 година, со почеток во 10:00 часот, на интернет страницата e-stvari.mk, ќе се одржи аукција за продажба на возилото, автомобил тип Audi, модел A6, објавија од општината.

„Конечно, многу коментираниот автомобил на поранешниот градоначалник на Општина Струга ќе им се врати на граѓаните на Струга.Преку продажбата на ова возило, кое стана вирално во медиумите во земјата и пошироко како автомобилот „со волан од змиска кожа“ или како „убавата кола“, овој подвижен имот ќе се претвори во финансиска ликвидност во буџетот на Општина Струга. Со средствата од продажбата на автомобилот ќе се набави комбе кое ќе служи за потребите на општинската администрација и спортските клубови во градот. Ги покануваме сите заинтересирани страни да учествуваат на аукцијата“- велат од Општина Струга.

Градоначалникот Менди Ќура вели дека ниту еднаш не ги користел автомобилите од возниот парк на Општина Струга, со цел максимална рационализација на високите трошоци создадени низ годините.
Општина Струга го купи луксузното „ауди А6“ за 67.000 евра, а тогашниот градоначалник Мерко беше обвинет за злоупотреба на службената положба затоа што го набавил автомобилот во време кога Општината била со блокирана сметка. Судот донесе ослободителна пресуда поради непостоење основ за кривична одговорност.