Skip to main content

Активен туризам

Авантуризмот зема се поголем замав

Современиот турист денес бара подлабоки искуства и необични доживувања. Авантуризмот зема се поголем замав. Охридско-струшкиот регион има солидна понуда од типот веслање, параглајдинг, велосипедизам, планинарење, кајакарење, едрење, нуркање, јавање коњи и слично. Според експертите потребна е поголема промоција.
 |  инфодеск  | 
Авантуризам

Активниот туризам зема се поголем замав. Новите трендови на патувања не се веќе врзани само за сонце и плажа. Современите туристи денес сакаат необични доживувања, бараат авантура. Пандемијата рестрикциите и мерките ги зближија луѓето со природата.

Веслање, параглајдинг, велосипедизам, планинарење, кајакарење, едрење, нуркање, се повеќе привлекуваат гости во охридско-струшкиот регион.

Странските туристи оваа година најмногу се од Полска, Чешка, Словенија зборувам за странските гости. До минатата година значителен беше бројот на украински гости кои за жал со оглед на ситуацијата во нивната земја, годинава ги немаме. Најатрактивни спортови или побарувања од активности се кајакарењето и нуркањето – вели Никола Кукунеш, туристички работник.

И Вевчани ги следи новите трендови во туризмот. Таму најактуелни се еднодневни или викенд екскурзии. Најбројни се туристите од регионот и организираните групи од Холандија и Полска. Најмалата општина во земјава ја збогати понудата, годинава главна атракција е јавање коњи до летничките езера на Јабланица.

Покрај природните убавини најчесто не посетуваат туристи кои се заинтересирани за планински велосипедизам, да возат на патеките низ планината. Исто така пуштен е во употреба коњичкиот клуб во Вевчани е доста интересно, јавање коњи низ Јабланица истите патеки и за велосипедизам, со коњи, пеш. Прекрасното вевчанско езеро Локва е доста посетено во лето бидејки е пристапно – вели Спасе Кочоски, градоначалник на општина Вевчани.

Вевчани

Модерниот патник денес бара подлабоки искуства кои поттикнуваат емоционална поврзаност со одредена дестинација, необични доживувања за да може да се приближи до локалната култура.

Охридско-струшкиот регион има огромен потенцијал за авантуризам. Но потребна е поголема промоција и збогатување на понудата. Експертите велат треба да се прават што повеќе приказни за привлекување на што повеќе туристи.

Новинар : Соња Рилковска