Skip to main content

Автобус во Струга се чека под отворено

Автобуските постојки во Струга во очајна состојба, се жалат Стружани.

 |  Голабовски Крсте  | 
stojalishte
стојалиште

И да врне и да вее и сонце да пече, стружани на одредени места автобус си чекаат на отворено. Крајно неаздоволни се од состојбата во која се наоѓаат автобуските постојки во градот и околните струшки села.

„Не, порано имаше постојки да се сокриеш од дождот, сега и тие ги откорнаа, не е во ред, треба да бидат подобри. Ние граѓаните сме виновни ние ги кршиме“, револтирани се граѓаните.

stojalishteДоколку сакаме некаде да ја лоцираме вината, не треба далеку да бараме. Самите ние сме виновни за ваквата состојба, потврдуваат граѓаните. Не често овој вид на урбана опрема е мета на крадците и вандалите. Истите се крадат поради металот, а во некои случаи,едноставно се отстрануваат. Таков е примерот со автобуското стојалиште пред ресторанот „Т’ га за југ“ , каде несовесен граѓанин по сопствена воља ги отстранил заштитните настрешници од истото. Зоран Гулицоски, секретарот на Општина Струга за овој случај, најавува прекршочна пријава.

„Против лицето кое ја има отстрането ќе се преземат најсоодветни дејствија и мерки согласно законот,а  за тоа ќе биде поднесена соодветна тужба до надлежниот суд“ вели Секретарот Гулицоски.

Гулицоски објаснува дека  за град Струга, изготвени се и поставени автбуските стојалишта, според одлуката на Советот на Општина Струга и додава дека оштетените ќе се репарираат. Што се однесува до селата кои гравитираат околу Струга,таму постојат одредени автобуски стојалишта, но истите не се на ниво на кое треба да бидат, признава Гулицоски. Распишан е тендер за изнаоѓање изведувач за поставување на автобуските стојалишта на ниво на општината. Зафатотите ќе се изведуваат во две етапи. Во првата етапа, ќе се средат автобуските стојалишта во поголемите и пофрекфентните села, а во втората фаза и селата од планинскиот крај ќе добијат модерни автобуски стојалишта, вели секретарот на Општината.

{loadposition content9}