Skip to main content

Авто-камп „Ас“ во Струга, атракција за странските гости

Во моментов таму престојуваат група холанѓани, а најавено е и доаѓање и на други гости.

 |  Билјана Колоска  | 
prikolka
приколка
Кампинг сезоната во Струга веќе започна.  Авто-кампот „АС“ се полни со гости , многу порано од вообичаено. Веќе се пристигнати 16 каравани со туристи од Холандија. Најавено е и доаѓање на друга група  која треба да пристигне кон крајот на овој месец.

kamp„Драго ни е што успеаваме во нашиот крај да ги вратиме холанѓаните, посебно љубителите на природата“, вели Татјана Огненоска од  хотел  Дрим, под чие раководство е и кампот „АС“.

За да се зачуваат и да се привлечат што повеќе гости од Холандија, хотел дрим има ангажирано соработник од оваа земја. Негова задача е да соработува со тимот на хотел дрим со цел да се развијат сите можности за кампување во „АС“.

„На гостите ќе им ги презентираме услугите на кампот и на хотел Дрим. Ќе ги  запознаеме туристите на Холандија со убавините, културните богатства,  што ги нуди градот но и Македонија, вели соработникот од Холандија, Ларс Валенс.

Претставникот од соработниците од Холандија заедно со тимот на Хотел Дрим работат на маркетинг план за промоција на Струга но пред се на кампот „АС“.

„Сакаме да се истакнеме во оваа земја но и во другите ширум светот, бидејќи навистина има со што да се пофалиме“,  вели Огненоска.

Големиот интерес време на летниот период за посета на кампот од страна на различни гости ни дава уште голем потик  да инвестираме во него,  иако во моментов има добри услови за престој, велат од таму. Во иднина ќе се залагаме да ја вратиме атракцијата-луѓето наместо да престојуваат  во хотели летниот одмор да го поминат во кампување, посебно оние гости кои се љубители на природата. Од хотел Дрим се надеваат дека ова лето авто-кампот „АС“ ќе биде преполн со гости.

{loadposition content9}