„До балчак“ во Охрид и Струга
На 3-ти ноември 2014 година, љубителите на македонската филмска уметност во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе имаат можност премиерно да го погледнат најновото филмско остварување „До Балчак” на режисерот Столе Попов.
На 3-ти ноември 2014 година, љубителите на македонската филмска уметност во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе имаат можност премиерно да го погледнат најновото филмско остварување „До Балчак” на режисерот Столе Попов.
„To the Hilt – Story from the Wild East“ („До балчак – Приказна од дивиот исток“) , ќе се прикажува во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, од 29-ти октомври до 1-ви ноември, со почеток во 19.00 часот.
Филмот е сурова но романтична љубовна приказна во која вечната македонска кауза за сопствен идентитет и самостојност е видена од агол на строга индивидуалност, лишена од било каква идеологизација. Слободата, правдата, љубовта, среќата, жртвувањата и предавствата се доживеани низ катарзични емоции што допираат „до балчак”. Снимањето на филмот започна во мај 2012 година, а екипата снимаше сцени на различни локации во Битола, Охрид, Скопје, Демир Хисар, Штип и Прилеп.
Режијата е на Столе Попов, а продуценти се Данчо Чевревски и Миливое Ѓорѓевиќ. Сценаристи се Горан Стефановски и Столе Попов.
Играат актерите: Ити Срај, Сашко Коцев, Мартин Јордановски, Тони Михајловски, Искра Ветерова, Сенко Велинов, Мики Манојловиќ, Никола Којо, Никола Ристановски, Драган Спасовски-Дац, Гораст Цветковски. Музиката за филмот е на Дуке Бојаџиев.
Влезот е 100 денари.
{loadposition content9}