Skip to main content

Рано откривање и третман

Бесплатен скрининг за бубрежни заболувања во струшка Нефрологија

Бесплатен скрининг за рано откривање на бубрежни заболувања во Специјалната болница за Нефрологија во Струга. Голем број граѓани ја искористија можноста да направат прегледи и да ги слушнат советите од лекарите. Според статистиката, во светот 850 милиони луѓе имаат некоја форма на бубрежна болест. Кај нас бројката на заболени е 150 илјади од кои еден процент се на дијализа.
 |  инфодеск  | 
Скрининг во Нефрологија

Во Специјалната болница за Нефрологија Струга денес бесплатен скрининг за рано откривање на бубрежни заболувања.

Голем број граѓани ја искористија можноста да направат прегледи со мерење на крвен притисок, одредување на шеќер во крвта и анализа на урина. Од болницата велат дека врз основа на овие параметри првично може да се следи дали некој потенцијално болен има некој здравствен проблем со бубрезите.

Според лекарите најважно е рано откривање и третман на бубрежните заболувања.

На 9-ти март беше одбележан Светскиот ден на бубрегот под мотото „Здравје на бубрезите за сите- да се подготвиме за неочекуваното, да ги поддржиме ранливите“. Нашата болница стои на располагање во секој момент во поглед на сите бубрежни болести, уролошки заболувања и други превентивни прегледи. Интересот денеска е голем, а следниот скрининг ќе го направиме на отворено – вели директорот на струшка Нефрологија, д-р Александар Попоски.

Скрининг во Нефрологија

Граѓаните добија и препораки и совети за здрав начин на живот. Посебен начин на исхрана, редовни прегледи, соодветна терапија и физичка активност се основите за здрави бубрези, советуваат лекарите, кои на пациентите им делеа и едукативни фалери.

За да останат бубрезите здрави се препорачува физичка активност и вежби, мерење на крвен шеќер, мерење на крвен притисок и негова регулација, пиење на многу течности посебно вода, здрава и правилна исхрана, да не се земаат лекови без препорака на лекар и секако да се остават цигарите – вели Попоски. 

Скрининг во Нефрологија

Според статистиката во светот 850 милиони луѓе имаат некоја форма на бубрежна болест. Кај нас бројката на заболени е 150 илјади од кои еден процент се на дијализа. Најчести причини за хронична бубрежна болест се дијабетот и хипертензијата.

Скрининг во Нефрологија