Специјализираната болница за нефрологија Струга, утре ќе спроведе бесплатен скрининг за рано откривање на бубрежни заболувања.
Скринингот ќе се врши од 09:00 до 11:00 часот во холот на амбулантно-поликлиничкиот оддел на болницата. Со бесплатниот скрининг ќе биде опфатено мерење крвен притисок, одредување на шеќер во крвта и анализа на урина.
Бесплатниот скринининг е во знак на одбележување на месец март како месец на бубрегот.
На 9-ти март се одбележа светскиот ден на бубрегот под мотото „Здравје на бубрезите за сите – да се подготвиме за неочекуваното, да ги поддржиме ранливите“.