Skip to main content

Општа болница Струга

Бесплатна скрининг мамографија секоја сабота во Општа болница Струга

Октомври, месецот за подигање на свеста за рано откривање рак на дојката бил мотив да прават бесплатни прегледи во сабота, во текот на целата година.
 |  инфодеск  | 
Октомври мамограм

Во Општата болница во Струга секоја сабота ќе се врши бесплатна скрининг мамографија со цел рана дијагностика и превенција на рак на дојката.

Директорот на болницата Арменд Арслани посочува дека октомври, месецот за подигање на свеста за рано откривање рак на дојката бил мотив да прават бесплатни прегледи во сабота, во текот на целата година, објави МИА.

„Целта е да се поттикнат жените, пред сѐ, младите на редовни прегледи за рана дијагностика, знаејќи го фактот дека старосната граница е се пониска, односно имаме многу млади пациентки со дијагностициран карцином на дојката.“– изјави за МИА, директорот на болницата Арменд Арслани.

Директорот информира дека иако мамографот бил ставен во функција од неодамна, за само еден месец биле направени 60 мамографски прегледи на дојка.