Skip to main content

14 та Меѓународна научна конференција за безбедност во Струга

Безбедносната состојба во земјава стабилна, будно се следат настаните во соседството

Војната во Украина предизвика тектонски последици во Југоисточна Европа. Потребни се квалитетни политички концепти и одлуки во обраната на регионалната и националната стабилност, истакна министерот Спасовски на 14та меѓународна научна конференција во Струга. Безбедноста во земјава е стабилна, оценуваат експертите, но будно се следат состојбите,  по последните случувања на Косово.
 |  инфодеск  | 
Konferencija Struga

Светот никогаш како денес не бил пред така силно и темелно искушение на геополитички и цивилизациски план. Агресијата на Русија во Украина  предизвика тектонски последици  во Југоисточна Европа и глобални геополитички предизвици.

Потребни се квалитетни политички концепти и одлуки во обраната на регионалната и националната стабилност, истакна министерот за внатрешни работи Спасовски на 14- та Меѓународна научна конференција за безбедност во Струга.

„Потребата од пронаоѓање на издржани аргументи, потребата за креирање на квалитетни политички концепти и одлуки во одбрана на регионалната и на националната стабилност со веќе јасно детерминирани наши национални интереси, е неминовност пред која што не може и не смее да се замижи”, изјави Оливер Спасовски  министер за внатрешни работи.

Безбедноста во земјава е стабилна, оценуваат експертите, но будно се следат состојбите,  по последните случувања на Косово.

„Стабилна безбедносна состојба меѓутоа будно ги следиме настаните во соседството. Во Косово има гледате има нов развој на настаните не знаеме како ќе се одвиваат таму работите, но наше е да бидеме особено внимателни да не дозволиме подгревање на тензиите непотребно, и да преземеме се што е потребно за да се заштити безбедноста“, вели  Никола Дујоски декан на Факултетот за безбедност.

На  14. Меѓународна научна конференција на тема „Стратешки и безбедносен концепт за земјите од ЈИЕ”, експерти од областа на безбедноста од  европските земји  ќе дебатираат за  заштита на критична инфраструктура, справување со модерните и  хибридните закани, организиран криминал, пропаганда и дезинформации.

Новинар Соња Рилковска