Безбедност на верските објекти
Кој е виновен за зачестените кражби по црквите и вандалскиот чин на муслиманските гробишта?
Св. Архангел Михаил
Кој е виновен за зачестените кражби по црквите и вандалскиот чин на муслиманските гробишта?
Свештените лица и муфтиството од Струга, велат полицијата. А тие пак, негираат.
„Никој од нас не побарал соработка. Мора итно да се заштитат иконите“, предупредуваат од струшкиот музеј.
Колку се безбедни верските објекти во струшкиот регион? –Ова е едно од најпоставуваните прашања меѓу јавноста, откако во две струшки села за само 10-тина дена се случија две кражби, но и пред извесен период имаше вандалски чин на муслиманските гробишта. Од Исламската верска заедница велат дека неодамнешниот инцидент не бил изненадување за нив.
По овој вандалски чин во интервал од 10 дена се случија уште две кражби во православните верски објекти. Непознати сторители провалија во црквите Св. Богородица во село Долна Белица и Св. Архангел Михаил во Ташмаруништа, за кои ТВм ексклузивно информираше.
Покрај свештените лица, и од Исламската верска заедница се едногласни оти одговорноста за ваквите немили настани лежи кај полициските службеници.
Од СВР пак, велат дека досега не биле повикани на било каква соработка, ниту од едните ниту од другите, иско тие ги посочуваат за одговорни на вандалските чинови. Потенцираа оти полициските службеници од секогаш стојат на располагање за било каква соработка.
Од друга страна пак, додека се бара кој е виновникот што постојано се случуваат кражби по црквите, од струшкиот музеј веќе нудат варијанта, како да се заштитат вредните предмети со кои располагаат црквите. Предлагаат скапите икони од сите верски објекти да бидат однесени на место каде истите би биле безбедни и соодветно заштитени. Директорот на музејот, Сашо Цветкоски, како соодветна локација ја потенцира црквата Св.Ѓоргија во центарот на Струга или евентуално струшкиот музеј.
„Ако иконостасот е на едно место, тогаш ќе имаме поголем увид на истиот“, додаде Цветкоски.
„Од наша страна е покрената иницијатива, но за реализација на овој план треба да се вклучат и другите инволвирани страни“, потенцира директорот.

{loadposition content9}